ESPORTS.MK

Cloud9 го распушти својот CS:GO тим

Cloud9 го распушти својот CS:GO тим
март 27
00:26 2021

Американската организација, Cloud9, во официјално соопштение изјави дека тимот во CS:GO го повлекува од сите натпреварувања.

Cloud9 минатион септември го најави новиот CS:GO тим предводен од познатиот коментатор, Henry “HenryG” Greerom. Тимот кој сите очекуваа дека ќе стане еден од најдобрите на светот за кратко време потроши повеќе од шест милиони долари и после девет месеци, Cloud9 одлучи да стави крај на целата приказна.

Во соопштението се објаснува дека актуелната пандемија ги расипала сите планови на организацијата со што играчите не биле во можност да се соберат заедно во тренинг центарот на Cloud9 и поради тоа тимската игра не била на посакуваното ниво.

Исто така се напоменува дека Cloud9 ќе основа нов американски тим кога условите за тоа ќе дозволуваат, мислејќи на крајот на епидемијата и повторното враќање на лан настаните.

Тимот на Cloud9 CS:GO тимот го сочинуваа:

  • Alex “ALEX” McMeekin
  • Ricky “floppy” Kemery
  • William “mezii” Merriman
  • Patrick “es3tag” Hansen
  • Erick “Xeppaa” Bach
  • Chris “Elmapuddy” Tebbit (Тренер)

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK