ESPORTS.MK

Cloud9 го победи Team Liquid во 2021 LCS Mid-Season Showdown и обезбедија место во Mid-Season Invitational

Cloud9 го победи Team Liquid во 2021 LCS Mid-Season Showdown и обезбедија место во Mid-Season Invitational
април 19
02:39 2021

Овој сплит беше полн со многу неочекувани работи, како пензионирање на важни играчи, како и многу нови играчи се покажаа во феноменално светло и многу нови тима почнаа да покажуваат доста голем напредок.

Сето тоа кулминираше со финалната пресметката во Mid-Season Showdown, каде Team Liquid и Cloud9, двата џинови во LCS, се бореа да станат победници на Пролетниот сплит и да ја претставуваат Северна Америка на MSI, првиот меѓународен настан оваа година. И по пет турбулентни и неизвесни натпревари, C9 излезе на врвот со резултат од 3-2, враќајќи ја контролата над Северна Америка.

Cloud9 доминираше во раниот дел на секој натпревар во серијата, истакнат со пет последователни first bloods на Alphari. Потфрлувањето во борбите во средните делови од гејмовите со Liquid го отежнуваа затворањето на некои игри, па C9 загубија големи предности и ја донесоа серијата до петти одлучувачки натпревар со шампионската титула во MSS на линија.

Поради структурата на овогодинешниот LCS, тимовите ќе се упатат кон Летниот Сплит со своите рекорди од Пролетниот сплит. Нивните резултати низ двата сплита ќе бидат сумирани одејќи кон Светското Првенство. Затоа, C9 ќе продолжи јако со својот рекорд 13-5, додека Liquid следи близу до 12-6 кога официјално ќе започне Летниот сплит на 4 јуни.

C9 сега се пласира во Mid-Season Invitational, која започнува на 6 мај. Настанот беше откажан минатата година откако тимот се квалификацираше. Но, нивниот пат до победа на првиот меѓународен настан годинава нема да биде лесен. Нивната група ја сочинуваат LLA’s Infinity Esports, LJL’s DetonatioN FocusMe и светските шампиони во 2020 година, LCK’s DWG KIA.

Северна Америка историски не се има снајдено најдобро во меѓународните натпревари и првата посета на C9 на меѓународната сцена не изгледа како добредојдена. Но, новиот реномиран тим на C9 можеби го има она што е потребно за да стои цврсто и да ја претставува Северна Америка кога MSI 2021 ќе започне на 6 мај во Reykjavík, Исланд.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK