ESPORTS.MK

Clix одбаниран од Twitch за само еден ден по наводниот пермабан

Clix одбаниран од Twitch за само еден ден по наводниот пермабан
февруари 17
15:17 2021

Clix ни се врати на Twitch. Професионалниот Fortnite играч, Cody “Clix” Conrod ни е повторно назад на Twitch за само помалку од два дена од кога вебсајтот му додели наводен перма бан на неговиот акаунт. Базирано на претходна историја на крешење на правила на услугите, многу помислија дека Clix нема да се врати на платформата, во кое веруваше и самиот тој. Twitch успеа да изненади овој пат и да ја ревидира својата одлука и казна према Clix и да ги поништи. Сега овој 16 годишник може повторно да продолжи со неогвите стримови кога ќе посака.

Clix и секогаш прецизните StreamerBans на Тwitter ја потврдија веста. Еден ден и 15 часа поминаа од како неговиот канал го снема, а Clix се појави како ништо да не се случило. NRG Esports играчот само што заврши со победа на Fortnite Champion Series Qualifier овој викенд пред неговиот канал да биде целосно симнат. Неколку значајни играчи, од во и надвор од сцената, застанаа како поддршка на оваа Fortnite ѕвезда со хаштагот #FreeClix на Twitter. Уште не е јасно зошто Twitch го банираше Clix на прво место воопшто. Многумина препоставуваа дека е поради неколку кратните DMCA прекршоци или поради наводната голотија што се покажа за многу кратко на неговиот стрим.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK