ESPORTS.MK

CLG продолжува да расипува планови, поразувајќи ги Cloud 9 на последниот викенд на натпревари од пролетниот сплит на LCS 2021

CLG продолжува да расипува планови, поразувајќи ги Cloud 9 на последниот викенд на натпревари од пролетниот сплит на  LCS 2021
март 14
00:08 2021

Време е да престанете да ги исклучувате CLG. Откако ја започна сезоната со беден резултат од 1-10, тимот победи четири од последните пет натпревари, разбранувајќи ги плановите на некои од високо рангираните тимови во LCS. Тие додадоа на резимето 31-минутна победа против прво пласираниот Cloud 9.

И покрај тоа што не беа во конкуренција за Mid-Season Showdown, CLG ги забележа сите свои победи во текот на последните две недели против конкурентските тимови. Со победите над Immortals, Dignitas, Team Liquid и сега Cloud9, CLG ја игра улогата на врвен спојлер оттогаш ја изгуби шансата за титула во LCS.

Најголемиот фактор во вечерашниот натпревар беше од бот лејнот, поточно во форма на WildTurtle. Долгогодишниот ветеран во LCS ја земa играта во свои раце од самиот почеток. Откако му помогна на CLG да ја обезбеди first blod по единаесетти пат во дванаесет натпревари, WildTurtle продолжи да расте во моќност и тоа надвор од контрола на Tristana, која едноставно ги уништи кулите на Cloud9.

Со оваа загуба против CLG, водството на Cloud 9  во однос на второпласираните TSM и Dignitas е намалено на само половина натпревар. Тие тимови ќе се соочат против Evil Geniuses и Team Liquid, соодветно,во потрага по шанса да изедначат на врвот на табелата, во последните два дена од пролетниот сплит.

За Cloud 9, оваа загуба означува три по ред , што е најлошата серија за тимот во текот на целата сезона. Тие ќе имаат шанса да се вратат на дуелите што може да бидат победи против колегите кандидати за плејофот Immortal и Dignitas подоцна овој викенд. Утрешната игра против Dignitas треба да крене добро внимание. Ако Dignitas може да го подобри својот резултат на 11-5 со победа вечерва и да изедначи на нерешен резултат со Cloud 9 на врвот на лигата, упатувајќи се на утрешниот натпревар, првото место многу добро може да се реши во следните 24 часа.

Што се однесува до CLG, тимот ќе ги насочи своите напори главно за Летниот Сплит – особено затоа што неговиот полн состав (кој ги вклучува Pobelter и Broxah)  заедно добро кликнуваше и покажуваше вистински знаци на напредок во текот на седумте натпревари што ги имаа играно заедно.

Составот има уште еден натпревар против кандидатот за плејоф во овој сплит, но тој е против EG во недела.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK