
Би сакале да ве известиме дека и оваа година ќе се оддржи еден од најголемите турнири за Централна и Источна Европа во која Македонија ќе учествува со два тима.
Оваа сезона за разлика од минатата ќе има 19 држави кои ќе учествуваат, а ќе има вкупно 32 тимови распоредени во 8 групи од по 4 тимови.
Тимовите од групите ќе играат против различни националности. Најдобрите ќе продолжат на плеј-оф фазата каде што ќе имаат шанса да се борат за титулата шампион на CEE и да ја освојат главната награда.
Главен организатор на настанот е чешката организација eSuba, а локален партнер кај нас ESPORTS.MK и Македонската Еспорт Федерација.
Во нашата квалификациска фаза, BLUEJAYS ќе бидат повикани дирекно поради нивниот успех на Прва Македонска Еспорт Лига и ќе има една квалификациска рунда каде што победникот од истата ќе ја претставува нашата држава заедно со BLUEJAYS.
Секој тим мора да има барем 3 македонски државјани со можност од една замена и тренер.
Доколку сакате да учествувате на ова натпреварување, тоа можете да го направите со клик ОВДЕ.
За повеќе информации во врска со CEE Champions посетете ја нивната веб страна: CEE Champions.
За подетални информации во врска со македонскиот квалификациски циклус, следете ги нашите социјални мрежи.