ESPORTS.MK

Ceb се повлече од активниот состав на OG

Ceb се повлече од активниот состав на OG
јануари 28
10:12 2020

Dota 2 шампионите останаа само со двајца играчи откако вчера Sebastien “Ceb” Debs објави дека веќе нема да игра за тимот, туку ќе биде нивни тренер.

Дека ова ќе биде турбулентна година за шампионот OG стана јасно откако во последните два денови славната петорка ја напуштија Anathan “ana” Pham кој ќе паузира од Dota 2 година дена, Jesse “JerAx” Vainikka кој одлучи да ја заврши својата професионална кариера и Sebastien “Ceb” Debs кој стана тренер на тимот.

Фановите се надеваа дека поголемиот дел од играчите ќе остане во активниот состав, но на крај останаа само Topias “Topson” Taavitsainen и лидерот на тимот Johan “N0tail” Sundstein.

Ceb изјави дека е премногу благодарен за се што се случи во изминатите две години, и напомена дека е време за промени и да е спремен да биде дел од новата OG ера на друг начин. Ceb во Dota 2 до сега се има пробано како играч, како тренер и како аналитичар, а своето огромно познавање и искуство ќе го искористи да помогне на играчите кои ќе се дел од новиот тим на OG.

Ceb исто така изјави дека има простор еден ден тој да се врати како активен играч, и дека ова не значи крај на неговата играчка кариера.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK