
Verdansk откако се врати во 80тите години, ке се соочи со втор update каде ќе има големи промени на големо задоволство на играчите.
Warzone сезоната 3 е најдобрата сезона досега откако Warzone склучи договор со Cold War во Декември 2020. Сезоната 3 не само што донесе големи промени на Verdansk туку донесе и неверојатен баланс на сите оружја за уште поголемо уживање кај играчите.
16ти Јуни е денот кога е предвидено да заврши battlepassot за сезона 3 и на 17ти Јуни се случува голем update. Во прилог новиот трилер за сезоната 4 и какви новости ке донесе истата.
Според тоа што го објави VGC, новата мапа на Warzone ќе дојде во иднина заедно со новата игра на Call of Duty. Verdansk од 80′ ке биде заменета само неколку месеци покасно откако беше пуштена во употреба.
Иако се појавуваа во Verdansk и Modern Warfare’s multiplayer, оружјата RAAL LMG и CX-9 SMG не се во употреба сеуште во Warzone. Овие оружја беа откриени заедно со Sykov којшто го најде патот до Warzonе, но сигурно е дека ќе видиме едно можеби и двете Мodern Warfare оружја во сезоната 4.
Единствената информација околу операторите се нивните имиња: Deathstalker, Komodo и Quicksand. Еден од овие оператори ке носи црвена маска како што можевме да видиме во сезона 4 трилерот.
Се шпекулираше дека Берлин е следната мапа за преживување на зомби од 3-та сезона, но досега не видовме никаков доказ. Поради големината на мапите на избувнувањето, веројатно наместо тоа, ќе видиме како се додаваат нови локации на картите на планините Урал.