ESPORTS.MK

Bwipo и Selfmade можно е да го напуштаат Fnatic

Bwipo и Selfmade можно е да го напуштаат Fnatic
мај 06
22:17 2021

Шпанскиот портал Esport Maniacos дојде до информација дека Gabriel “Bwipo” Rau и Oskar “Selfmade” Boderek одбиле да го продолжат договорот со Fnatic и бараат нови понуди.

Откако ја загуби ѕвездата на тимот Martin „Rekkles“ Larsson по минатиот летен сплит , Fnatic е во поголеми проблеми, а неговата лоша форма во пролетната сезона кулминираше со испаѓање во второто коло од плејофот по тешкиот пораз од 3: 0 од Schalke 04 Esports, што доведе до тоа Fnatic да ја заврши сезоната на петтото место.

Во текот на сезоната, беше очигледно дека проблемите од 2020 година не се решени, дека сè уште има недостиг на комуникација во тимот и дека нема лидер во тимот, па затоа Fnatic често губеше игри кога првичниот агресивен пристап не даваше доволно голема предност. Очигледно, слабите резултати доведоа до дополнително незадоволство во рамките на вториот најтрофеен европски тим на сите времиња.

Додека MAD Lions и Rogue постигнаа значителен напредок во споредба со минатата година, Fnatic сè повеќе запаѓа подлабоко во веќе растечката криза, што можеби ќе биде причината поради која Bwipo и Selfmade први ќе го напуштат тонечкиот брод на Fnatic. Имено, нивниот договор истекува на крајот на оваа година, а тие не сакаа да ја прифатат понудата на Fnatic да го обноват порано, со цел да си ја остават опцијата да го напуштат Fnatic на крајот на летната сезона и како слободни играчи да стапат во нов тим.

Би било соодветно Fnatic да ги продаде за добра понуда сега, бидејќи подоцна нема да имаат шанса, па разбирлива одлука е да се испитаат сите можни опции пред почеток на летната сезона.

Треба да се напомене дека support играчот на тимот Zdravets “Hylissang”  Iliev Galabov, ќе стане слободен агент во ноември доколку не го продолжи договорот, но засега нема информации дали веќе добил понуда за продолжување и како тој ќе одговори на тоа.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK