ESPORTS.MK

Бразилецот saffee потпиша за paiN

Бразилецот saffee потпиша за paiN
јули 08
21:39 2020

25-годишниот играч за прв пат ќе се натпреварува помеѓу некои од најдобрите тимови во CS сцената. 

paiN го финализираа потпишувањето на 25 годишниот AWP-ер Rafael “⁠saffee⁠” Costa, претходната организација Paquetá која во вторникот изјави  за бразилскиот Globoesporte дека трансферот е финализиран.

saffee чиј договор со Paquetá ќе истече на крајот на овој месец, во paiN gaming ќе го заземе местото на Paulo “⁠land1n⁠ Felipe кој прв пат заигра за организацијата во февруари 2019 година. Неуспехот на land1n да добие американска виза е најверојатно причината за неговото заминување од тимот.

saffee ќе нема такви проблеми, бидејќи тој минатата година живеел во Соединетите Држави кога тој ги претставуваше New England Whalers. Тој како играч експлодираше откако заигра за Paquetá и имаше фантастичен рејтинг од 1,27 додека играл за тимот.

Тимот на paiN требаше да се пресели во Канада во април, но нивните планови беа нарушени од пандемијата на коронавирусот. Тимот имаше одлична 2019та година каде освоија дури 6 регионални титули и исто така успеаја да се квалификуваат за StarSeries i-League Season 7 каде нажалост завршија како 15/16ти и се вратија дома со само 4.000 американски долари.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ