ESPORTS.MK

Бразил ќе биде домаќин на следниот CS:GO Major

Бразил ќе биде домаќин на следниот CS:GO Major
декември 03
20:42 2019

Според извештајот на порталот dbtlap првиот Major во 2020 година ќе се одржи во Рио де Жанеиро а организатор ќе биде ESL.

Уште пред неколку недели CS:GO звездата Александр “s1mple” Костилиев објави на социјалните мрежи дека следниот Major ќе биде во Бразил, но тогаш немаше никакви докази и не беше познато дали играчот се шегуваше со своите фанови.

Јерек “Dekay” Луис тврди дека извори блиски до ESL му потврдиле дека следниот Major навистина ќе се одржи во Рио. Турнирот треба да се вика ESL One Rio Major, а главниот дел од натпреварот ќе се одржи некаде во текот на Мај.

Бразил е една од државите каде што CS:GO е најпопуларен е-спорт, што не изненадува со оглед на тоа што токму од Бразил е тимот MiBR кој под други имиња има освоено две Major титули. Покрај овој тим, Бразил има неколку професионални тимови кои се натпреваруваат на највисокото ниво, како што се FURIA, Luminosity и INTZ.

Причината зошто ESL го избра токму Рио е затоа што таму во минатион Април беше организиран DreamHack Open и доби позитивни критики.

Доколку се потврди, ова ќе биде првиот CS:GO Major во Јужна Америка.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ