ESPORTS.MK

BLUEJAYS се регионални претставници на квалификациите за BLAST Showdown

BLUEJAYS се регионални претставници на квалификациите за BLAST Showdown
март 14
13:57 2022

Во големото финале од RES втората сезона, нашите BLUEJAYS успеаа да ги надиграат 4glory и да го обезбедат нивното место на TWR Eastern European Masters.

RES Season 2 уште еднаш ни прикажа квалитетен кантер од Адриа регионот. BLUEJAYS во својот прв меч против Zero Tenacity успеа лесно да ги надигра, додека другиот меч помеѓу iNation и 4glory беше навистина тесен и возбудлив и отиде во корист на 4glory.

Во долниот брекет Marten Rising беа подобри од proWince а garTi кои е состав доминантен од македонски играчи, изгуби од Strive in chaos.

Strive in chaos во реванш натпреварот против iNation оствари подобар резултат од 2-1 а на првиот меч изгубија со 2:0. Во меѓувреме, BLUEJAYS продолжи со победничката низа и против 4glory. 4glory своето место во финалето мораше да го бара преку долниот брекет против тимот Strive in chaos, а после таа победа, време беше за реванш.

BLUEJAYS доби прилика да ја игра една од нивните омилени мапи, Mirage. 4glory на оваа мапа успеа да им земе само 12 рунди, но до поголеми проблеми за нашиот тим не дојде. Слична ситуација имавме и на Dust2, а нашите дечки се погрижија да не се дојде до овертајм или евентуален пресврт на резултатот од страна на српската екипа.

BLUEJAYS стана новиот шампион на RES и воедно и екипата која ќе го претставува нашиот регион на квалификациите за BLAST Showdown.

 

Превземено од: ADRIA.GG

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ