ESPORTS.MK

BLUEJAYS и 0to100 се наши претставници на CEE Champions 2021

BLUEJAYS и 0to100 се наши претставници на CEE Champions 2021
септември 27
21:57 2021

Покрај екипата на BLUEJAYS, тимот на 0to100 (ex-PORTUGAL) го обезбеди второто место за да ја претставува Македонија на CEE Champions 2021.

На 25-ти септември со почеток во 15:00 часот започна квалификацискиот циклус за CEE Champions 2021.

Натпреварите од 1/4 финалињата ги сочинуваа следните екипи :

Kill The Enemy vs ECL gang
PORTUGAL vs Inflames
NextGeneration vs TeamFA
imNova vs Timeouttt

Главни фаворити во четврт-финалните мечеви беа тимовите PORTUGAL и imNova кои дефинитивно го потврдија тоа во нивните натпревари.

Во натпреварот против Inflames, од PORTUGAL KaiR0N-993, merisinho и Necrogenes1s доминираа со по 29, 24 и 24 кила поединечно. Тоа воедно беше и доста возбудлив натпревар каде Inflames се покажаа во добро светло и почнаа да се враќаат во гејмот ама за жал не беше доволно и беа поразени со резултат од 16-10.

Додека во натпреварот imNova vs Timeouttt, од imNova cuLyyy доминираше со 24 кила и со голем HS % ( 65%) највеќе во неговиот тим.

Сепак треба да се спомне мечот помеѓу Kill The Enemy vs ECL Gang кој беше исполнет со многу возбуда и напнатост, а победата ја издвојуваа Kill The Enemy со резултат од 16-14.

Додека пак другиот ден на 26ти се одиграа полуфиналето и финалето во кој го добивме нашиот втор претставник.

И покрај добиениот казнен поен, во полуфиналето екипата на PORTUGAL ја оправда фаворизираната улога и забележа победа против TeamFa со резултат 2:1.  Додека пак во другото полуфинале предводени од Tziki екипата на IMNOVA лесно стигнаа до финалето со победа од 2:0 против екипата на KILL THE ENEMY.

И кога сите во финалето очекувавме интересна завршница, предводени од DEPRESHN, тимот на Portugal полесно од очекуваното го совладаа тимот на IMNOVA. Како освојувачи на овие квалификации тимот на PORTUGAL го обезбедија и вториот билет за заедно со BLUEJAYS да ја претставуваат Македонија на престојниот CEE Champions 2021.

И на двата тима кои ќе ја претставуваат Македонија на престојниот CEE Champions им посакуваме среќа и да се вратат со што поголем успех.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK