
Македонската екипа BLUEJAYS која е и воедно наша репрезентација не застанува со победи против најдобрите екипи во светот.
Во многу неизвесен натпревар, BLUEJAYS успеа да издвои победа над екипата Copenhagen Flames и да го осигура третото место на Funspark ULTI 2021.
Првата мапа беше Overpass и заврши со резултат од 16:13 во полза на Copenhagen Flames. Мапата беше избрана од страна на Данците.
Втората мапа беше Mirage. И покрај тоа што мапата беше избрана од страна на BLUEJAYS, тие со тешка борба стигнаја до победа на продолженија со вкупен резултат од 19:15.
На третата мапа беше вистинската возбуда. Рунда за рунда, без многу грешки, нашите момци успеаа да се вратат во натпреварот од негатива 9:3 и да ја добијат оваа мапа на продолженија со вкупен резултат од 22:19.
Во продолжение погледнете го клипот каде што dan1 на резултат од 15:14 на Mirage ја доби рундата 1 на 4.
Финалето од lower bracket-от ќе се игра утре со почеток во 12:00 часот. Пренос ќе има на каналот CC_EN3.