ESPORTS.MK

Blade Esports се победници на Првата Македонска Еспорт Лига во Дота 2

Blade Esports се победници на Првата Македонска Еспорт Лига во Дота 2
јуни 14
19:25 2021

Во текот на вчерашниот ден се одиграа полуфиналните мечеви, како и финалниот меч во Првата Македонска Еспорт Лига во Дота 2.

BLADE Esports, Arena Esoprts, LEVEL Esports и CRYSIS Esports беа четирите тима кои се бореа за првото место и честа да ја претставуваат нашата држава во идните натпреварувања.

Првото полуфинале беше помеѓу Arena Esports и CRYSIS Esports. Во овој меч фаворити беа Arena бидејќи во овој тим играат поранешни играчи на Team Mystic. Првиот меч го победија Arena за 23минути, и покажаа тотална доминација, но CRYSIS не се за потценување, овој тим успеа да ги победи следните два меча, и со тоа CRYSIS Esports се најде во финалето на Прва Македонска Еспорт Лига во Дота 2.

Второто полуфинале беше помеѓу BLADE Esports и LEVEL Esports. BLADE Esports беа фавороти во овој меч и докажаа зошто е тоа така, со две реалтивно лесни победи над LEVEL Esports, успеаа да стигнат до финалето.

BLADE Esports против CRYSIS Esports, финале во Првата Македонска Еспорт Лига во Дота 2. Прашањето беше, дали фаворитите ќе надвладеат или ќе се случи уште едно изненадување како и во првиот полуфинален меч.

Ова прашање беше одговорено за кратко, се виде дека BLADE Esports едноставно се на повисоко ниво од другите тимови. Предводени од Игор “Stojkov” Стојков, играч кој моментално е на 67 место по MMR во Европа, BLADE ги порази CRYSIS со 2-0, и станаа победници на Прва Македонска Еспорт Лига во Дота 2. Stojkov покажа доминација во мид лејнот, особено во првиот меч со неговиот Templar Assassin. Уште од самиот старт BLADE беа во водство, и го победија првиот меч релативно лесно.

Вториот меч во финалето беше навидум изедначен, но и тука предноста ја држеа BLADE Esports. Stojkov играше Winter Wyvern, херој кој што се игра на помошна позиција, но успеа и со овој херој да најде фарм и да му донесе победа на својот тим.

Честитки до тимот на BLADE Esports и им посакуваме многу успеси во идните натпреварувања.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK