ESPORTS.MK

B8 се спои со XactJlepbI за да обезбедат место во втората DPC сезона

B8 се спои со XactJlepbI за да обезбедат место во втората DPC сезона
март 17
19:02 2021

Тимот на легендарниот Dendi сепак ќе игра во втората DPC сезона и покрај тоа што беа елиминирани во првата сезона.

Одкако вчера беше најавено дека од B8 си заминуваат дури три играчи, RDO, Sexyfat и Duster, за кратко на тимот на Dendi му се придружи Vladislav “DkFogas” Frolov од Winstrike и тимот се спои со тимот XactJlepbI од Источна Европа(CIS).

Со ова B8 обезбеди место во долната дивизија на DPC сезоната во CIS регионот, бидејќи XactJlepbI завршија на шестото место во првата DPC сезона, а во иднина тимот продолжува под името B8.

 

Тимот на B8 за новата сезона ќе го сочинуваат:

Alimzhan “Watson” Islambekov
Daniel “Dendi” Ishutin
Vladislav “DkFogas” Frolov
Sergey “TSA” Timchenko
Alexsander “NoFear” Churochkin

Втората DPC сезона ќе започне на 13ти Април. Отворените квалификации за регионот на CIS веќе се одиграни, а затворените квалификации кои ќе утврдат кои два тима ќе играат во долната дивизија ќе се одржат од 18ти до 21ви Март.

Што се однесува до играчите што го напуштија B8, Leonardo “RdO” Fernandes им се придружи на тимот Spider Pigs, и повторно ќе игра во CSI регионот, а Heitor “Duster” Pereira и Diego “Sexyfat” Barini Santamaria ќе играат за бразилски тим и веќе се имаат регистрирано за Copa Dota 2 Brazil.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK