ESPORTS.MK

AVANGAR се враќа на сцената со нов тим

AVANGAR се враќа на сцената со нов тим
јануари 28
20:31 2020

AVANGAR го објавија својот нов казахстански ростер и тој бепе ребрендиран како AVANGAR Q.

Тимот на AVANGAR Q се состои од целосен казахстански ростер во која се претставени млади играчи односно up-and-comers. Играчите ќе бидат водени од украинскиот ветеран и поранешен играч и тренер Sergey “lmbt” Bezhanov, поранешен тренер на HellRaisers и mousesports.

Ростерот е составен од квартетот играчи на EX-OG GANG SQUAD, Temirlan “TNDKingg” Nurmagamet, Makhambet “howl” Nurlybyekuly, Alan “hidenway” Dyusembayev и Diyar “spellfull” Issakhanov,, кој настапуваа на многу онлајн квалификации и локални евенти, како што бил Burabay Cyber Cup. А пак неодамна учествуваа и во квалификациите за WESG за Казахстан. Комплетирање на ростерот е Aydos “kade0” Khayrzhan, поранешен играч на OneWay.
Yongun Kim, CEO на AVANGAR, објасни дека потпишувањето на младиот ростер е голем чекор исто така и предизвик за организацијата.

„Ова е голем чекор за целиот тим и играчите, кои ги следиме изминативе неколку месеци. Можноста успешно да ја играме улогата на организација во унапредување на професионалци од новата генерација е многу вреден ресурс, кој треба да се искористи со претпазливост. Би сакал да го поздравам играчите на AVANGAR Q и да ги замолам нашите навивачи да им пружат поддршка за претстојниот ESL One Rio CIS Minor.

Јас сум исто така среќен што lmbt ја прифати тренерската улога во тимот. Неговите први победи беа постигнати пред раѓањето на некои играчи во ростерот, а неговото современо тренерско искуство во едни од најдобрите тимови од Европа ќе биде одлична основа за развој на талентирани и мотивирани професионалци.“

Изјавува Yougun Kim.

Тимот своето деби ќе го оствари на квалификациите за CIS Minor Open што ќе се одржат од 2 до 15 февруари.

Нивниот официјален ростер е:

Temirlan TNDKingg Nurmagamet
Makhambet howl Nurlybyekuly
Alan hidenway Dyusembayev
Aydos kade0 Khayrzhan
Diyar spellfull Issakhanov

Sergey lmbt Bezhanov (тренер)

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK