ESPORTS.MK

Astralis се шампионите на ESL Pro League S12

Astralis се шампионите на ESL Pro League S12
октомври 05
16:12 2020

Данската екипа се врати од две мапи дефицит во BO5 финалето против рускиот Natus Vincere.

Natus Vincere влезе во финалето со една мапа предност бидејки доаѓаа од горниот бракет, а мапите за финалето беа следниве: Dust2 пикната од страна на Na’Vi, потоа пикот на данците беше Nuke, Train пик на руската екипа и како финална мапа беше избрана Overpass.

Големото финале започна со првата мапа Dust2 каде мечот се одвиваше рунда за рунда, имавме жестока игра од двата тима. Победата ја предводеа ѕвездите на руската екипа односно electronic и секако украинецот s1mple. Тие мапата ја победија со краен резултат од 16-12 во нивна корист.

Еве ја и финалната рунда каде што electronic со фантастични три фрага на а сајтот.

На наредната мапа односно Nuke руската екипа ја имаше подобрата страна за стартот односно CT страната и имаа солиден старт од 9-6 во нивна предност, но сепак резистенцијата на данците им дозволи да се доближат и дури на последната рунда данскиот awp-ер успеа да ја clutch-не рундата 2v1 и успеаја да им се доближат на во резултат 2-1 во мапи на руската екипа.

Еве и клип од една од многу важнa 2v4 рунда кои ја освоија данците.

На наредната мапа имавме едностран прв халф каде што данците успешно го доминираа својот противник и го завршија полувремето со предност од 12-3, но руската екипа со неверојатен comeback се вратија во играта и достигнаа до overtime каде што за жал не успеаја да ги победат данците.

Највреден играч на мапата беше данецот es3tag кој што имаше неверојатни 40 фрага и голем дел од истите беа фрагови со големо значење.

За крај ја имавме Overpass каде што сите мислеа дека ќе биде многу блиска играта меѓу тимовите но првиот халф данците ги доминираа рускиот Na’Vi и влегоа со водство од 11-4 во вториот халф, таму играта беше по неизвесна имавме некаков минимален comeback на Natus Vincere но сето тоа беше се додека данците не дојдоа до double awp и им ги земаа последните 5 рунди.

Една важна рунда од данскиот T-side ја имате подолу.

Недоволна беше и фантастичната игра од страна на украинецот s1mple кои постави неверојатен K/D (100-87)  низ текот на четирите мапи.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK