ESPORTS.MK

AS Monaco Esports влезе во Дота 2

AS Monaco Esports влезе во Дота 2
февруари 16
17:40 2021

AS Monaco, францускиот фудбалски клуб кој има свој е-спорт сектор, објави дека склучи партнерство со руската е-спорт организација Gambit Esports, со што се оформи нов тим, AS Monaco Gambit.

Oleg Petrov, заменик претседател и CEO на AS Monaco даде изјава за новото партнерство:

Среќни сме што го започнавме ова партнерство со Gambit Esports. Создавањето на заеднички тим ни овозможува да направиме нов чекор во овој сектор со здружување на силите за поголеми успеси на меѓународната е – спорт сцена.

Е-спортот е  брзорастечки пазар и важен столб на нашиот дигитален развој. Оваа ориентација одговара на двојна цел: да ни овозможи да ги диверзифицираме нашите активности преку обраќање кон различна, млада и многу поврзана публика, истовремено поддржувајќи ја стратегијата за интернационализација на клубот преку развивање на нашето присуство на клучни области.

AS Monaco Gambit за да можат уште веднаш да влезат на сцената, склучија договор со тимот Live To Win, кој игра во горната дивизија на Источна Европа.

Новиот ростер го сочинуваат играчи како Dream, AfterLife, Immersion, SoNNeikO и NoOne. Моментално овој тим се наоѓа на четвртото место на DPC ранкингот во Источна Европа со резултат од 2-3 во изиграни меча, а 6-7 во изиграни партии и се веднаш позади Team Spirit.

Тимот и играчите ќе се натпреваруваат во познатите црвено – бели дресови на фудбалскиот клуб.

Исто така интересно е да се напомене дека моменталниот тим на Gambit Esports сеуште е активен и се натпреварува во долната дивизија на Источна Европа, но ќе играат под името Gambit-2.

 

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK