
Epic Games се реши да ги тужи Google и Apple откако Fortnite беше тргната од мобилната платформа на Apple и од Google Play.
Причината за овој потег на Apple и Google e поради обидот на Epic Games да ги “заобиколи” тие 30% кои ги земаат девелоперите на платформите. Epic Games понудија 20 % попуст на сите mobile играчи кои ќе купат V-bucks, но само доколку им платат на Epic директно, а не преку платежните платформи на Apple и Google.
Apple кои во четвртокот се решија да ја избришат играта од својата платформа, со што сега корисниците на AppStore немаат никаква можност да ја симнат играта. Потоа следеше и ист потег од страна на Google, но доколку сте корисници на Android, играта е достапна за симнување на сите други платформи како што се Samsung Galaxy app store или сопствениот Еpic Games launcher app.
После овие бурни реакции, следеше и тужбата која ја упатија Epic против Google и Apple во судот во Калифорнија. Целта на овој потег од страна на Epic e да се победи дуополот кои го држат овие фирми со нивните 30% заработка, и во тужбата како пример ја даваат соработката на Epic со OnePlus каде Fortnite е достапна за сите корисници без никаков процент на заработка од страна на OnePlus.Исто така Epic во тужбата напоменуваат дека не сакаат никаква финансиска компензација, и дека нивната цел е борбата против “злото” на Аpple и Google.
Интересното е тоа што Epic беа спремни на овие бурни реакции, со што веднаш објавија видео каде што бараат подршка во борбата против Apple, со насловот “Не дозволувајте 2020 да биде 1984” и промовирање на #FreeFortnite хештегот. Дали мислите дека ова е правилен потег од страна на Еpic кои се борат за еднакво право за сите девелопери на игри.
Видеото може да го погледнете на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=b7Mexf-lT-8
© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.
Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.