
Со развојот на технологијата децата се повеќе се на компјутер а се помалку во природа па затоа студентите на ФИНКИ одлучија да направат анкета меѓу средношколците а ние како медиум одлучивме да ја споделиме.
Анкетата е наменета за средношколци со цел да се испита колку време од денот го поминуваат во играње игри, дали одвојуваат време за физичка активност и дали играњето игри им помага во нивниот развој или пак им штети.
Рокот за пополнување на анкетата е до 20 mај 2021 година, а истата можете да ја најдете подолу во објавата или на следниот ЛИНК.
Собраните податоци од оваа анкета ќе бидат користени исклучиво за проектот по предметот „Медиуми и комуникации“ на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и нема да бидат споделувани.