ESPORTS.MK

ANGELKA е новата адиција на тимот GODSENT

ANGELKA е новата адиција на тимот GODSENT
март 11
12:42 2022

Ангела Николовска односно ANGELKA е новата адиција на женскиот валорант тим GODSENT. 

Тимот се состои од :

  • Николет “Niciplesss” Кесзели
  • Венеса “Nessa” Ахлстром
  • Марина “Hindberjum” Троитскаја
  • Ивелина “Hellrose” Данова
  • Ангела “ANGELKA” Николовска

Поразговаравме со ANGELKA за нејзините почетоци и сегашните случувања.

Кои се твоите почетоци во Валорант?

Валорант ја добив уште кога се добиваше со drops на Twitch за Бета верзијата. Од Август 2020 до Март 2021 ја играв играта целосно за забава бидејќи тогаш сеуште бев дел од CS:GO тим. После тој период од играње валорант само за забава и по многу саати на кантер морав да размислам што сакам да постигнам во гејминг индустријата, да играм игра која што ја обожавам (CS:GO) која нема некоја иднина за женскиот (CS:GO) , или да се префрлам на нова авантура и да почнам да учам нова игра со нови предизвици.

Кои се твоите планови за во иднина ?

Моментално сум професионален играч во Валорант и сакам тоа така да остане долго време. Конечно почнав да се навикнувам на Валорант, сепак не е сеедно да се пренасочиш од 12 години играње кантер на целосно нова механика и нова игра. Валорант има потреба од многу по креативен начин на играње и тоа ме прави да ја сакам играта и да се фокусирам на неа 100%!

Кој беше пресудниот момент да се пренасочиш на Валорант? 

Кога престанав да играм со женскиот тим во CS:GO, имав многу долг период на размислување. CS:GO играм уште од основно училиште, целиот мој живот бев посветена на CS:GO. Имав периоди во Валорант кога ја играм играта со истите навики од CS:GO и ми беше многу тешко да се навикнам на целосно нова игра. Како што кажав претходно, 2020/2021 посебно заради корона вирусот сите турнири престанаа, ЛАН турнири не ни постоеа за женски, па така и инвестирањето во тимови не постоеше, се додека во Валорант не се случи еден историски момент кој претходно во нитуедна игра не се случил, а тоа беше моментот кога Cloud9 потпиша женски тим во својата организација. Така после тоа почнаа многу организации да поддржуваат женски тимови, а во меѓувреме имаше многу турнири кои беа поддржани и организирани од RIOT (VCT Game Changers) и тоа беше мојата најголема мотивација која што ми недостигаше во CS:GO – турнири и натпреварувања.

Поддрежете ја ANGELKA на социјалните медиуми: Instagram, Twitter, Twitch и YouTube

Ние на ANGELKA и посакуваме многу среќа во понатамошната кариера во тимот GODSENT.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ