ESPORTS.MK

Анализа на гледаноста на еспортот за јануари 2021 година (со табели)

Анализа на гледаноста на еспортот за јануари 2021 година (со табели)
февруари 16
13:55 2021

Секој месец ESI, во соработка со Esports Charts, прават анализа на гледаноста на еспортот за да можат да ги потенцираат работите што се најгледани од публиката, но и да видат кои се работи се во тренд во оваа индустрија. Она што е специфично за првиот месец во оваа година е дека продолжува развивањето на мобилниот еспорт, додека премиер лигата на League of Legends прави долго очекуван камбек на нашите екрани.

Bang Bangs руши рекорди во мобилниот еспорт

Подемот на мобилниот еспорт продолжува да биде обележан со најпопуларниот еспорт натпревар за јануари M2 World Championship за играта Mobile Legends: Bang Bang според Esports Charts.

M2 World Championship успеа да собере гледаност од преку 2.81 милиони гледачи во својот врв, a со тоа да стане третиот по ред најгледан еспорд настан било кога, веднаш зад последните League of Legends World Championship финалиња.

Esport Charts

Тоа што е дотолку интересно е што настанот е организиран на англиски јазик и за публика што говори и разбира англиски јазик. Покрај многу најави за успех во мобилниот еспорт, особено во држави што порано го прифатиле и разработиле како Индија и сиот тој пазар што таа го има, M2 World Championship исто така прибележа пик на гледаност од публика од англиско говорно подрачје,a  тој броеше 248.022 гледачи за главниот настан за овој турнир. Тоа го става овој наслов на четвртото место по гледаност веднаш зад BLAST Premier Global Finals (340,041), League of Legends LCS Lock In (344,567) и LEC (361,625).

League of Legends се враќа во топ 5 најгледаните игри

Кога збориме за LoL, минатиот месец можевме да сведочиме за најмногу премиер натпреварувања за краток период, нешто што се нема случено уште од нивниот Spring Split, на страна од LCS што го започна The Lock In натпреварот. На крај, најдобар од сите овие настани беше LCK што беше победник во гледаноста и успеа да собере максумум гледаност од 802.668 гледачи за време на неговиот clash меѓу DAMWON KIA и T1, а со тоа да го добие третото место на гледаност според Esports Charts табелата за јануари.

Esports Charts

LEC беше вториот по популарност League of Legends натпревар за јануари во поглед на гледаност што досигна од 574.366 гледачи. Во меѓувреме LFL, француската LoL лига исто може да се пофали со невиден пораст односно 187.094 број на гледачи за време на Solary vs Karmine мечевите. Всушност, петте најгледани мечеви во LFL имаат посетеност поголема од 110.000 гледачи.

Ако ги ставиме овие бројки во некаква си споредба, LFL може да се пофали со поголема гледаност од Call Of Duty League 2021 Kickoff Classic (107,186) и 2021 Smite World Championships (98,147).

PUBG Mobile продолжува со импресивниот раст

Aksiz

PUBG Mobile’s Global Championship Season 0 исто така можеме да речеме дека помага за популарноста на мобилниот еспорт со својата вкупна гледаност од 1.4милиони гледачи за 24. рунда од натпреварувањето. Според Esports Charts, гледаноста би била многу поголема односно некои 3.4 милиони гледачи ако статистиката на NimoTV се земе во предвид. Овие бројки беа прескокнати бидејќи live-streaming платформата ги брои само гледачите од клиентот на играта.

PUBG Mobile продолжува да ја зајакнува и развива својата еспорт структура со Global Championship кој вреди 1.2 милиони долари во вид на награден фонд, додека потпишува договори со разни партнери како Qualcomm, Mountain Dew и OnePlus. Порастот на гледачи за овој наслов е одличен знак за еспорт сцената, особено кога играта беше банирана во Индија минатата година.

Други поважни бројки за гледаност од мобилниот еспорт можат да вклучат Arena of Valors RoV Pro League 2021 Summer, што започна на 30. јануари и достигна врв од 91.115 гледачи за време на отварачкиот викенд. Исто така, Liga Brasileira de Free Fire 2021 Series A Stage Round 1 достигна врв од 449.565 гледачи. Ова е повеќе импресивно ако земеме во предвид дека натпреварот беше во целост пренесен и организиран на португалски јазик.

BLAST Premier создава историја

Покрај растот на мобилниот еспорт и враќањето на LoL, уште еден наслов може да се вброи тука е BLAST Premier Global Final 2020 што стана најгледаниот онлајн CS:GO турнир на сите времиња. Турнирскиот clash меѓу NAVI и Team Vitality забележа пик од 687.691 гледачи, што го става овој настан на четвротот место во јануарската табела на гледаност.

Претходниот CS:GO глобален настан на BLAST што беше именуван BLAST Pro Series Global Finals, а се оддржа во декември 2019 година успеа да привлече внимание на 177.496 гледачи. Двете статистики само го потенцираат развојот на BLAST уште од почетокот на BLAST Premier, покрај разните сопки од пандемијата.

Esport Charts

Според Esport Charts, популарноста на BLAST Premier беше доминирана од 3 различни јазика за време на Global Finals. Англискиот аспект на турнирот, во еден момент успеа да намами 340.041 гледачи. Во меѓувреме руските и протугалските кастери за настанот беа следени од 235.996 и 218.025 гледачи следствено.

Колку минатиот месец веше успешен во гледаноста на еспортот?

Исто како декември, минатата година, мобилниот еспорт уште еднаш беше доминанте покрај почетокот на новата компетативна сезона на League of Legends и Blast Premier’s Global Finals. Во споредба со јануари 2020 година, Garena Free Fire’s Copa América 2020 настанот беше најгледаниот за тој месец со максимална следеност од 896.905 гледачи, додека BLAST Premier Spring 2020 беше посетен од 226.536 гледачи што ги гледаа Team Liquid и MIBR.

За месец февруари се очекува оргиналната варијанта на PUBG да биде играта што ќе привлече најмногу гледаност со PUBG Global Invitational.S 2021 настанот. За овој месец исто така е предвидено продолжението за Liga Brasileira de Free Fire 2021 Series A Stage 1 и број на League of Legends натпреварувња. Дали можеби LoL ќе царува над февруарската гледаност или можеби мобилниот еспорт ќе го задржи своето место ако го земеме во предвид фактот дека се планираат доста нови наслови во овој дел од еспортот. Останува да чекаме и да видиме времето што ќе покаже.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK