ESPORTS.MK

Ana се врати во OG

Ana се врати во OG
април 11
19:48 2021

После долга пауза, Ana се врати во тимот на OG, пред почетокот на втората DPC сезона.

Во Јануари 2020 година, Ana изјави дека ќе биде на пауза од професионалната сцена до следната сезона. Следната сезона за многумина значеше дека нема да игра на TI10 во 2020.

Настанот се одложи, а тимот на OG во негово отсуство не успеаа да освојат ниту една титула. Во целата сезона од 2020, OG стигнаа до три финални рунди, но изгубија во сите три, а оваа година во првата DPC сезона, не успеаа да се квалификуваат на Sinapore Major.

Пред две недели, тимот на OG најавија дека се разделуваат со нивниот кери играч MidOne, а Sébastien “Ceb” Debs, во негова изјава нагласи дека, во еден тим е потребно да има синергија, но тоа го немалe со MidOne.

Ова беше индикатор за сите фанови дека е можен повраток на Ana, со оглед на тоа што сите знаеме дека овој играч има синергија со тимот.

Покрај тоа што во Јануари оваа година, Ana на својот твитер профил објави дека стигнал до ранк Радиант во Валорант, и многумина мислеа дека ќе си ја проба среќата во професионалните води на оваа игра, страста на Ana е во Дота 2.

Со оглед на тоа што се ближи The Internacional, се надеваме дека ќе го видиме Ana и OG на овој турнир, па и до тројна круна.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK