ESPORTS.MK

Ana ја напушта професионалната Дота 2 сцена

Ana ја напушта професионалната Дота 2 сцена
јуни 14
19:58 2021

OG се збогуваат со Anathan “Ana” Pham, и со тоа остануваат без еден играч пред квалификациите за The International 10.

Пред два месеци тимот на OG објави дека се враќа Ana, кери играчот со кој успеаа да ги освојат The International 8 и 9. Сите фанови беа возбудени, два пати пред почетокот на TI овој играч се враќал на сцената и ги предводел OG до победа. Се очекувааше доминантен тим на OG, но не беше така. Овој тим не се покажа во вистинско светло во втората DPC сезона и не успеаа да се квалификуваат на AniMajor, a за да играат во TI10, ќе мора да играат квалификации.

Ana на неколку пати има направена подолги паузи од Дота 2, но оваа одлука делува конечна. Очигледно е дека ја нема љубовта кон играта која што ја имал во минатото, и затоа смета дека ова е најдобрата одлука за него.

OG сега мораат да најдат играч кој ќе го замени Ana на кери позицијата, а опциите не им се големи со оглед на тоа што имаат помалку од еден месец пред квалификациите за TI 10. Пред почетокот на решавачките мечеви во втората DPC сезона, OG објавија дека Omar “Madara” Dabachach ќе игра како замена за Ana. Останува да видиме дали OG повторно ќе го повикаат Madara да им биде кери играч,

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK