ESPORTS.MK

AIRLYA на чекор до BLAST Fall Showdown

AIRLYA на чекор до BLAST Fall Showdown
август 17
20:28 2021

Нашата официјална репрезентација која настапува под името „AIRLYA“ ќе се бори за место на BLAST Fall Showdown.

King of Adria беше регионално натпреварување во кое најдобрата екипа осигура место на TWR Eastern European Masters турнирот кој нуди шанса некој тим од Адира регионот да заигра на BLAST Fall Showdown.

Патот за King of Adria започна преку Адриа квалификациите во кои ги добивме и четирите најдобри тимови. Во полуфиналето играа 4glory против anlaki каде што екипата на 4glory се докажа дека е доста подобра од својот противник, а во второто полуфинале AIRLYA беа подобри од Marten Gaming.

Во финалето нашите момци покажаа навистина добра игра и без изгубена мапа станаа „King of Adria“. Првата мапа беше Inferno во која екипата на 4glory од Србија не успеа да ги совлада нашите претставници и вкупниот резултат беше 16:9 за AIRLYA, додека мечот на Vertigo беше напнат многу повеќе. На Vertigo резултатот беше нерешен и затоа мораше да се одлучува на продолженија каде нашите момци уште еднаш ги надиграа своите противници и го осигураа нивното место на TWR Eastern European Masters.

На TWR Eastern European Masters ќе ги дочекаат повеќе екипи од регионот а до сега квалификувани екипи покрај AIRLYA се: Entropiq од чехословачките квалификации и Uniquestars од израелските квалификации.

Доколку не бевте во можност да го гледате преносот, во продолжение имате видео.

 

Извор: ADRIA.GG

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK