ESPORTS.MK

Abbedagge официјално е новиот мид лејнер за 100 Thieves

Abbedagge официјално е новиот мид лејнер за 100 Thieves
мај 06
16:13 2021

Schalke 04 Esports објави дека Felix “Abbedagge” Braun ќе ја продолжи својата кариера во Северна Америка каде ќе игра во LCS-лигата за 100 Thieves, а наместо него во првиот тим ќе игра член од нивната академија Ilias “Nuclearint” Bizriken.

Веќе неколку дена на LoL esport сцената кружат гласини за потенцијален нов мид лејн играч за 100 Thieves. Тие го започнаа пролетниот сплит со Tanner “Damonte” Damonte, кој беше заменет со Tommy „ry0ma“ Le во вториот дел од групната фаза. Тимот го освои четвртото место во групната фаза со резултат 11-7, а потоа TSM ги запре во плејофот во борбата за топ 3 пласман.

Иако првично излезе веста дека мид лејнерот на Fnatic Yasin „Nisyq“ Dincer ќе замине во 100 Thieves, на крајот беше договорен трансфер со Schalke 04 Esports.

Abbedagge ја започна својата професионална кариера во 2016 година, а од 2019 година се натпреварува во LEC-лигата каде помина пет сезони играјќи за Schalke 04 Esports.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK