ESPORTS.MK

A1 Game Fest втор ден (FIFA21 & Fortnite)

A1 Game Fest втор ден (FIFA21 & Fortnite)
декември 21
23:31 2020

Вториот ден од A1 Game Fest-от не беше ништо покус од неговиот прв ден. Се играше Fifa21 и Fortnite, а за сите гледачи на нивниот стрим повторно беа обезбедени разни награди или гивавеи. Прво, по навика, се одиграа мечевите на Fifa21, а потоа се отстапи место за љубителите и играчите на Fortnite.

FIFA21

По одиграните квалификации во делот на Fifa21 каде што играа дваесет натпревачи, најдобрата четворка ја сочинуваа Амет Шабани, Алан Кеховиќ, Ардит Шехи и Игор Тодоровски.

Овие момци се бореа за првото место и трофеј на A1 Game Fest во Fifa21. Првиот полуфинален натпревар беше помеѓу Амет Шабани и Ален Кеховиќ, Шабани играше со ПСЖ, а Кеховиќ со Ливерпул. Првиот натпревар заврши со 3 – 1 за ПСЖ. Долго време резултато беше 2-1 што ќе значење водство за Шабани, но не преголемо, влегувајќи во вториот натпревар, но Шабани во последните минути реализирање уште еден гол и го доведе резултатот до 3-1.

Вториот натпревар беше возбудлив до самиот крај и заврши со резултат од 3-3, но со предноста која што ја имаше Шабани од првиот натпревар, вкупниот резултат изнесување 6-4 за Шабани, што значење место во финалето.

Второто полуфинале беше помеѓу Ардит Шехи и Игор Тодоровски. Шехи играше со Реал Мадрид, а Тодоровски со ПСЖ. Тодоровски рано го завзема водството, уште во 20тата минута имаше водство од 2-0. Завршетокот на првиот натпревар беше рутина за Тодровски и натпреварот беше завршен со неверојатни 0 – 6 за ПСЖ. Вториот натпревар беше рамноправен и заврши со резултат од 3 – 3, но бидејќи Тодоровски имаше преголема предност од првиот натпревар, вкупниот резултат на крајот изнесуваше 9-3 во полза на Тодоровски.

Финалето се одигра помеѓу Амет Шабани и Игор Тодоровски, каде што и двајцата играчи играа со ПСЖ. Првиот натпревар Игор Тодоровски го доби со 0-2 и со тоа влезе во вториот натпревар со солидно водство. Вториот натпревар Тодоровски го доби со 2-0, исто како и претходниот, а со тоа го зацементира своето водство и го освои трофејот во Fifa21 на A1 Game Fest и освои награда од 300 евра.

Двајцата поразени во полуфиналето играа меѓусебно за третото и четвртото место на A1 Game Fest во Fifa21 и победникот во овој натпревар беше Алан Кеховиќ, со што го освои третото место. Кеховиќ повторно играше со Ливерпул, а Шехи со Баерн Минхен. Во двата натпревари Кеховиќ беше победник и тоа во првиот со 4-0, а во вториот со 2-1.

Наградниот фонд и распореденост на наградите е оној како и на Tekken7 односно 300, 200, 100 и 50 евра следствано за прво, второ, трето и четврто место.

Игор Тодоровски повторно беше победник на A1 Game Fest во Fifa21.

– Дејан Георгиевски

Со финализирање на вториот и последен конзолен турнир за оваа година, повторно сцената се расчисти и за релативно новите фортнајџии кои едвај чекаа да покажат што навистина умеат во овој жанр.

Fortnite

Fortnite настанот започна во 15:00 часот каде првиот меч беше помегу тимот RageQuitters и тимот Lmnotorious. Форматот на игра беше Bo3. Првиот меч од таа серија заврши со победа на тимот RageQuitters со голема разлика во бодови, бидејки тимот Lmnotorious беа убиени на самиот почеток на мечот. RQitters успееа да направаат разлика од 22 убиства заедно со Victory Royale.Во вториот меч, повторно RQuitters доминираа со 19 убиства и го осигураа своето место во финалето.

Во вториот полуфинален меч кои се одигра помеѓу тимот Leonid и тимот Skitoff. Во првиот меч од серијата двата тима беа убиени на почеток на гејмот, со по еден бод. Вториот меч беше далеку поразличен каде двата тима успеаа да го доминираат лобито со добри landings, и ги завршија гејмовите со 12 бодови. Во третиот меч тимот на Skitoff успеа да направи голема разлика и да се пласира во финалето каде се сретнаа со RageQuitters.

Во мечот за 3то место, кои го одиграа Leonid и Lmnotorious, во тешки и тесни три меча тимот на Lmnotorious успеа да победи со голема разлика во бодови која успеаа да ја направат во третиот меч, со што го завршија турнирот на третото место.

Финалниот меч се одигра за крај на ден помеѓу тимовите на RageQuitters и Skitoff. Овој меч беше далеку нај неизвесен од сите, каде првиот меч го земаа Skitoff, но во вториот меч беа убиени на самиот почеток, со што RageQuitters успеаа да направат голема разлика. Во последниот меч од серијата, иако Skitoff направи големи напорни да ја стигне разликата која ја изгубија во вториот меч, сепак таа беше преголема. Со оваа серија на мечови се формулираше турнирот каде сите четири екипи си заминаа со парични награди.

Mораме да признаеме дека турнирот беше уживање да се гледа, особено натпреварите на RageQuitters, кои се истакнаа и заслужено го земаа првото место, покажаа голем квалитет во тимската игра, но и индивидуален skill, со прецизен aim, агресивен стил на игра, добри builds и еdits.

Пласманот и наградите се следни:

1 место, тимот на RageQuitters со награда од 600 €

2 место, тимот на Skitoff со награда од 400 €

3 место, тимот на Lmnotorious со награда од 200 €

4 место, тимот на Leonid со награда од 100 €

– Горјан Колев

Со оваа игра се затвори овогодинешниот  Game Fest на A1 операторот каде што навистина се овозможи доста забава пред новогодинешните и божиќните празници. Внесоа малку среќа и успешно ја разбија монотонијата со шоуто што го приредоа и со гивавеите што ги обезбедија за оние што го следеа настанот на нивниот стрим. Ова е трета година по ред што се оддржува овој настан, а сите ние се надеваме и на нивни 4. пат.

Во продолжение погледнете ја галеријата од вториот ден на гејм фестот.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK