ESPORTS.MK

A1 Game Fest прв ден (Tekken7 & League of Legends)

A1 Game Fest прв ден (Tekken7 & League of Legends)
декември 21
23:17 2020

Македонската публика изминатиов викенд можеше да сведочи уште еден гејминг настан кој што дефинитивно ја разби Ковид-19 монотонијата и досадата. Оваа година дечките од организацијата на A1 Game Fest можат да се пофалат со четири наслови од кои два беа за Play Station 4 или Tekken7 и Fifa 2021, а два од нив беа за компјутер, односно League of Legends и Fortnite. Нашето ривју на настанот ќе го следи ритамот и текот на А1 Game Fest, па така прв на мени ни е Tekken7.

TEKKEN7

По минатонеделните квалификации и формирањето на winner и loser табели, најдобрите текенаши успеаа да се вкотват на своите позиции. Како подобри играчи се покажаа RFD Spades, Rogue_Identity, RFD Yamato и Renion, додека веднаш зад нив се пласираа RFD Hellinho, Brimstone, PsyMaki и Mux. На Tekken7 настанот што траеше нешто повеќе од три часа и беше доста густо, без разлика дали станува збор за посилната или послабата табела, најдобрите четворица заслужено дојдоа до своите места. Четвртото место успеа да го постигне Стефан Глигоров, бронзата беше резервирана за Бојан Маџиров, втор во оваа трка стигна Дино Шамбар (Renion), а со злато се скраси Симеон Двојаков (RFD Spades). Учесниците беа наградени со парични награди од 50, 100, 200 и 300 евра, последователно, добија медали, а секако за првото место беше обезбеден и трофеј. Вреди да се спомне дека златниот Симеон или RFD Spades оваа година успеа по трет пат да го задржи тронот и титулата како првак на А1 Game Fest во Tekken7.

– Кирил Трајков

League of Legends

Од кога спадна прашината околу Tekken и се виде кој е кој во тој свет, сцената се расчисти за првиот PC наслов на овој фест односно за League of Legends. Првиот натпревар или оној за трето место беше меѓу Brotagonists1G и Junaci каде што Junaci им го оставија слободен Darius  кои одма го земаа за нивниот Top лејн и со право бидејќи нивиот играч Aram Suirad што го пилотираше овој пик е доста познат играч кој стана познат баш преку Darius. Очекувано FIRST BLOOD беше освоена од страна на Brotagonists1G од страна на нивниот Jungler KHRYSTAL.

Многу брзо после тоа следеше почетокот на доминацијата од страна на Brotagonists1G која ја водеше Aram Suirad и за многу кратко  стигна до предност од 5-1  резултат за Darius. Во 12 минува водството за Brotagonists1G од 2000 gold. Доминацијата продолжи од страна на Brotagonists1G која во 28 минута кулминираше со 5-0 во борбата за Soul Drake и беше освоен  Infernal Soul buff и предноста во Gold беше 8000. Веќе во 30-тата минута Нексусот падна и Brotagonists1G поведоа со 1-0.

Вториот гејм беше многу тесен од двете страни каде што овој пат Junaci  влегоа доста јако и покажаа отпор, но за жал предоцна. Во 15 минута Brotagonists1G имаа предност од скоро 5000 gold. Brotagonists1G продолжија да ги притискаат во ќош и стигнаа до втората и финална победа во 34 минута.

Во првиот меч од финалето на А1 Game Fest 2020 се сретнаа два стари ривали Vincit Omnia и Reborn eSports. Многу прати соочени во high stackes натпревари и сега не беше исклучок. Првиот гејм за почна доста експлозивно  и во трета минута веќе имаше FIRST BLOOD од страна на Vincit Omnia, но веднаш беше трејднат од страна на Reborn eSports. Акцијата не запре тука и доста брзо bot lane-от на Reborn eSports во 2 vs 2  мини борба победи со 2-0. Но Vincit Omnia  враќаат назад со 2-0 победа во top & mid side of the jungle мала борба. Сепак  Reborn eSports издвојуваат мало водство од 1.3k gold. И како по обичај за овој натпревар повторно акција на bot lane каде што Reborn eSports ја земаат првата структура од  натпреварот и поведуваат со 2000 gold предност. Тимовите беа премногу изедначени и предноста се префрлаше од страна до страна, но во 22 минута Reborn eSports го земаат Baron Nashor и со пролонгирана борба после него поведуваат со 5000 gold предност. Во 27 минута со оглед на нивната ситуација Vincit Omnia прават трејд 2-2 што е добро, но сепак тоа не е еднакво бидејќи губат и две структури во тој процес. Кратко после ова, се случува уште една голема борба 5-5 каде што Vincit Omnia се победени 0-5. Reborn eSports полека ја градат предноста се поголмеа и поголема и во кога за борбата за Dragon Soul победуваат 2-1 и го освојуваат тој buff, нивната предност изнесува 10000 gold. Со освојување на Baron Nashor само ја запечатија победата во првиот натпревар.

Вториот меч го отвори Vincit Omnia  со FIRST BLOOD во 3-тата минута на top lane  од стана на Crashhhhhhh кој ја пилотираше Elise. Vincit Omnia  продолжува со агресијата и освојува уште едно убиство и првата структура од играта. Сепак брзо Reborn eSports прават контра напад и освојуваат структура назад. Во 12-тата минута го добиваме првата мала борба во mid lane каде што имаме 2-2. Но Reborn eSports го губат следната борба околку dragon 2-0 и после тоа го предаваат тој ocean drake на Vincit Omnia. Акцијата не запира и продолжува повторно со агресија до страна на Vincit Omnia  каде што поведуваат 4-8 против Reborn и frenzy sama кој ја пилотира Kai’sa продолжи да станува закана за тимот на Reborn со резултат од 5-2. Предноста во gold беше изедначена. Но Reborn за кратко вемее победуваат 2-5 во големата тимска борба и воспоставуваат водство од 3000 gold. Предноста ја зголемуваат константно и покрај во gold водат и во структури 5-1.  Во борбата за вториот dragon победуваат 1-0 Vincit Omnia  ама поради лошата состојба на health bars Reborn Esports го земаат тој dragon и изедначуваат 2-2 во dragons. Ова моментално е најблискиот натпревар некогаш одигран помеѓу овие два тима. Сепак искуството го прави своето и во 28 минута Reborn победуваат во тимска борба со 5-0 и со тоа го земаат и Baron Nashor. Со сите itemi  на своите главни играчи и сите buffs едноставно Vincit Omnia не можеше веќе да парира на Reborn Esports. И веќе во 32-тата минута се случува и последната тимска борба која што заврши во корист на Reborn Esports 1-5 и со тоа паѓа вториот Nexus и со 2-0 Reborn Esports се победниците на овогоинешниот А1 Game Fest 2020 година.

– Бојан Радичевски

Со тоа беше завршен првиот ден од овој настан кој што навистина беше богат како за играчите, така и за публиката.

Во продолжение можете да ја погледнете галеријата од првиот ден на гејм фестот.

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПАРТНЕРИ НА ESPORTS.MK