ESPORTS.MK

A1 Game Fest 2021

A1 Game Fest 2021
декември 06
14:54 2021

Најголемиот еспорт настан во Македонија, А1 Game Fest 2021, во организација на А1, во соработка со GG.MK, оваа година ќе се случува на 10ти и 11ти декември, во трговскиот центар East Gate Mall.

Изборот на игри падна на FIFA22 како спортска симулација, Tekken 7 како fighting game, CS:GO како FPS и Dota 2 за MOBA. Секако како и секоја година тука е и Cosplay натпреварот кој за разлика од лани ќе го има повторно во живо!

Фондот на награди за победниците традиционално и оваа година е зголемен. Над 150 гивавеи ги очекуваат гледачите на стримот и присутните, вклучувајки е-скутер, телевизор, мобилни телефони, таблет, гејмерски мауси и слушалки, Nintendo Switch, тастатури и А1 Game Fest маици.

Дополнително A1 Game Fest за првпат вклучува јутубери, Steffonator и GP, кои ќе имаат свои стримови во живо од локацијата и ќе гејмаат со публиката.Распоредот по денови изгледа вака:

Петок 10.12.2021 
13:00 - 15:00FIFA22
14:00 - 17:00 GP
16:30 - 19:30 Steffonator
15:30 - 20:00Dota 2
Сабота 11.12.2021 
11:00 - 19:00TEKKEN 7
11:00 - 16:30 CS:GO
14:00 - 17:00GP
16:30 - 19:30Steffonator
17:00 - 19:00Cosplay
19:00 TEKKEN 7 - финале

Се гледаме во East Gate Mall на A1 Game Fest 2021!

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK