ESPORTS.MK

A1 Game Fest 2020

A1 Game Fest 2020
декември 01
14:24 2020

Еден од најголемите гејминг настани во нашата држава продолжува и оваа година но со малку поинаков формат.

Викендот на 19-ти и 20-ти декември не очекува вистински спектакл организиран од А1 Македонија во соработка со GG.MK.

Оваа година натпреварувањата ќе ги има во 5 дисциплини и тоа: League of Legends, Fortnite, Tekken 7, FIFA21 и Cosplay. Повеќе информации и како да се пријавите на истите ќе можете да најдете во продолжение на оваа објава.

За сите кои не планираат да се пријават и да учестувуваат на A1 Game Fest 2020 натпреварувањата ќе има многу наградни игри и еден куп изненадувања.

Директен пренос од целиот настан ќе има на каналот на GG.MK на Twitch, А1 Македонија на Facebook и @a1makedonija на Instagram, кој ќе биде проследен од коментатори.

League of Legends:

Квалификациите ќе се одвиваат ONLINE на 12-ти и 13-ти декември. Главниот настан односно финалните натпревари на најдобрите 4 тимови ќе се одвиваат ВО ЖИВО на тајна локација БЕЗ ПУБЛИКА под строго определени мерки и протоколи за заштита од COVID-19.

Наградниод фонд за League of Legends турнирот изнесува 2500 евра.

  1. 1000 евра
  2. 750 евра
  3. 500 евра
  4. 250 евра

Пријавувањето можете да го извршите ТУКА. А повеќе информации за настанот ќе можете да најдете на EVENT-от на Facebook.

Fortnite:

Исто како и за LoL, квалификациите ќе се одвиваат ONLINE на 12-ти и 13-ти декември, а финалните натпревари на најдобрите 4 тимови ќе се одвиваат ВО ЖИВО на тајна локација БЕЗ ПУБЛИКА под строго определени мерки и протоколи за заштита од COVID-19.

Наградниод фонд за Fortnite турнирот изнесува 1300 евра.

  1. 600 евра
  2. 400 евра
  3. 200 евра
  4. 100 евра

Пријавувањето можете да го извршите ТУКА. А повеќе информации за настанот ќе можете да најдете на EVENT-от на Facebook.

Tekken 7:

Турнирот е составен од два дела:

Првиот дел, ONLINE квалификации кои ќе бидат на 12-ти и 13-ти декември и ќе играат до Топ 8. Вториот дел ќе се игра Топ 8, ВО ЖИВО на тајна локација БЕЗ ПУБЛИКА под строго определени мерки и протоколи за заштита од COVID-19.

Наградниод фонд за Tekken 7 турнирот изнесува 650 евра.

  1. 300 евра
  2. 200 евра
  3. 100 евра
  4. 50 евра

Пријавувањето можете да го извршите ТУКА. А повеќе информации за настанот ќе можете да најдете на EVENT-от на Facebook.

FIFA21:

Квалификациите ќе се одржат во дворот на Каша Бар во Т.Ц. Лептокарија на 12-ти и 13-ти декември. ЗАДОЛЖИТЕЛНО е носење на маски!

Најдобрите 4 играчи од квалификациите ќе играат на главниот настан на А1 Game Fest 2020 на 20-ти декември на тајна локација БЕЗ ПУБЛИКА под строго определени мерки и протоколи за заштита од COVID-19.

Наградниод фонд за FIFA21 турнирот изнесува 650 евра.

  1. 300 евра
  2. 200 евра
  3. 100 евра
  4. 50 евра

Пријавувањето можете да го извршите ТУКА. А повеќе информации за настанот ќе можете да најдете на EVENT-от на Facebook.

Cosplay:

Натпреварот ќе се одржи ONLINE, а гласањето започнува на 15-ти декември и трае до 20-ти декември. Гласањето ќе се одвива ONLINE на посебна страна на која ќе можете да ги погледнете натпреварувачите, а ќе биде објавена по завршување на пријавувањето.

Наградниод фонд за Cosplay настанот изнесува 600 евра.

  1. 300 евра
  2. 200 евра
  3. 100 евра

Пријавувањето можете да го извршите ТУКА. А повеќе информации за настанот ќе можете да најдете на EVENT-от на Facebook.

Се надеваме дека и играчите и гледачите ќе се забавуваат на ова ONLINE издание на A1 Game Fest. Good Luck на натпреварувачите. А Have Fun на гледачите!

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ