ESPORTS.MK

85 држави меѓу кои и ние се веќе пријавени за Светското Првенство во Израел

85 држави меѓу кои и ние се веќе пријавени за Светското Првенство во Израел
мај 21
11:03 2021

Меѓународната Еспорт Федерација потврди дека вкупно осумдесет и пет национални тимови се пријавија на првата фаза од пријавите за Светското Првенство во Ејлат, Израел 2021 година.

Еспорт атлети од 85 држави ќе се борат за златниот, сребрениот и бронзениот медал преку националните квалификации кои ќе се одвиваат помеѓу Јуни и Август а нашите лиги се веќе закажани и објавени.

Со 85 регистрирани национални тимови, оваа година ќе биде најдобрата година за Светското Првенство кое го организира Меѓународната Еспорт Федерација. Би сакал да им се заблагодарам на сите во IESF, IESA и Maccabi World Union за нивните напори и со нетрпение ги чекам игрите од регионалните квалификации како и финалната фаза од настанот во Ејлат.

– Изјави Идо Брош, Претседател на Израелската Еспорт Федерација и Директор за Глобална Програма во МЕФ.

Следејќи го примерот на претходните успешни Светски Првенства, земјите учеснички ќе бидат поделени на континентални натпревари. Регионалните турнири за Светското Првенство ќе бидат одржани од Септември до Октомври 2021 година. Финалистите од секој регион ќе ја претставуваат својата држава на лан настанот во Ејлат, Израел во Ноември 2021 година.

Меѓународната Еспорт Федерација е навистина возбудена за 13-тото Светско Првенство кое е и најголемото до сега. Ејлат 2021 ќе покаже заедништво помеѓу еспорт атлетите од рекордни 85 држави. Ова е вистинска претстава за напорите и посветеноста на МЕФ за раст и развој на одговорното играње на видео игри низ целиот свет.

– Изјави Влад Маринеску, Претседател на Меѓународната Еспорт Федерација.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK