ESPORTS.MK

$300K World Series Warzone

$300K World Series Warzone
јуни 25
14:09 2021

Тимот на Ayden се запиша во историјата како прв освојувач на најголемиот Warzone евент досега.

Во 6 мапи, сите најдобри играчи во историјата на Warzone и Call of Duty, на еден сервер одлучуваа кој ќе биде првиот освојувач на $300K World Series Warzone. Ќе остане во историјата запишан тимот на Ayden, со неверојатна игра низ 6те мапи успешно го однесоа најголемит турнир во своите витрини.

Во последната мапа која беше и одлучувачка, тимот на Ayden успеа да собере 36 поени и така да направи круцијална предност пред своите најголеми конкуренти во тој момент тимот на SuperEvan каде во последната мапа успееа да извлечат само 21 поен.

Во прилог моменти од перспектива на Ayden како таканаречените “CHEDDA BROTHAS” се крунисаа со титулата.

Тимот на Swagg се до 4тата мапа беа најголеми фаворити со најмногу собрани бодови да заврши на врвот, но со неверојатни последни 2 мапи тимот на Ayden успеа да стигне до победа. На 2рото место со феноманална 5та мапа заврши тимот на SuperEvan, додека дури на 3тото место на крајот се најде тимот на Swagg.

Како поединечна награда за најдобар капитен се круниса Swagg. Со неверојатни игри низ сите 6 мапи го водеше својот тим, но сепак неуспешно за да ја освои најголемата награда.

И по крајот на овој турнир Ayden останува неприкосновен на самиот врв со вкупна заработка од $249,565.24, на второто и третото место се неговите партнери Rated и Huskerrs. Rated се наоѓа на втората позиција со вкупна заработка од $197,638.59, додека Huskerrs на третата позиција со $192,608.35

 

 

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ