ESPORTS.MK

23savage е првиот играч во Дота 2 кој достигна 12.000 MMR

23savage е првиот играч во Дота 2 кој достигна 12.000 MMR
март 02
21:38 2021

Тајландскиот вундеркинд 23savage денеска сруши уште еден рекорд и стана првиот играч со 12.000 MMR во Дота 2.

Осумнаесет годишниот играч ја достигна оваа цел со тоа што во последните осум дена изиграл вкупно 65 партии со 40 победи и 25 порази.

Овој кери играч, најголем успех има со Morphling, еден од неговите најиграни херои, како и Troll Warlord, Arc Warden и други.

23savage исто така беше вториот играч кој достигна 11,000 MMR зад филипинската ѕвезда на Evil Geniuses, Abed, кој беше и првиот играч што собори 10,000 MMR во два различни системи за оценување.

И покрај очигледниот талент кој што го има 23savage, сеуште нема најдено тим со кој што ќе гради иднина. После 10 месеци во  Fanatic, тимот изненадувачки најави дека се ослободиле од 23savage минатото лето.

Следен ангажман одкако го напушти Fanatic за 23savage беше Vici Gaming од Кина, но поради јазични бариери и проблеми со патување поради корона вирусот, 23savage не одигра ниту еден меч за Vici Gaming, а поради истите причини во Јануари оваа година Vici Gaming се ослободи од него.

Со оглед на тоа што првата DPC сезона заврши во поголем дел од регионите, 23savage и останатите топ тиер играчи кои што се слободни агенти, треба што побрзо да најдат тимови и да играат во втората сезона, во спротивно би имало шанса да не стигнат до The Internacional 10 оваа година.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK