ESPORTS.MK

100 Thieves со голем comeback против Dignitas во четвртата недела од Пролетниот сплит на LCS

100 Thieves со голем comeback против Dignitas во четвртата недела од Пролетниот сплит на LCS
февруари 28
21:32 2021

Засега е завршена битката за дефинитивно второ место во Пролетниот Сплит во 2021 година. 100 Thieves го совладаа Dignitas во една хаотична игра и го освоија посакуваното второ место на четири недели од почетокот на сплитот.

100T го одржуваа моментумот што го носеа во текот на целиот сплит досега, што беше прво видливо во нивниот успех во текот на Lock In турнирот. Но, ова не беше една од нивните најчисти игри во сезоната во League of Legends и им требаше голема синергија за да се вратат назад.

Huhi беше мета на многу погрешни обиди за напад од страна на Dignitas, но неговите иницијализирања на тимски борби беа феноменални и му дозволија на неговиот тим да профитира од нив. Заедно со Ssumday и Closer – кои беа заедно во можност да го уништат составот на Dignitas и да излезат неповредени. Овој состав чија специјализација беше иницирање на борби се исплатеше на крајот.

Додека се собираа убиства на страната на Dignitas, структури и објективи се собираа на страната на 100Т, што на крајот се покажа како многу повредно. Два барони и dragon soul беа доволни за 100Т да отскокнат против играта што ја водеше Dignitas повеќе од 20 минути.

Составот на Dignitas беше немоќен да се справи со проблемот што го претставуваа  Renekton и Olaf кои целосно ги доминираа. Последната тимска борба предводена од Ssumday and Closer го срушија Dignitas и им ја додели на 100Т долго посакуваното второ место.

Dignitas сега заостанува на четвртото место зад TSM, кој допрва треба да ја одигра својата игра против CLG, што може да ја рекреира нерешеноста за второто место или за трето место.

Со оваа победа, 100Т се на второто место веднаш зад Cloud9, кој денес ја освои својата деветта победа. И двата тима ќе се натпреваруваат повторно утре за да ја затворат четвртата недела од LCS, што може да резултира со повеќе делби на позиции.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ

ПРИЈАТЕЛИ НА ESPORTS.MK