ESPORTS.MK

100 Thieves им ја зададоа на TSM првата загуба во летната сезона од LCS 2021

100 Thieves им ја зададоа на TSM првата загуба во летната сезона од LCS 2021
јуни 12
18:45 2021

100 Thieves со феноменален гејм против непоразените TSM, приближувајќи се сѐ поблиску и поблиску до нивното прво место.

100 Thieves започнаа со 2 победи и еден пораз во првата недела од летната сезона од LCS 2021 година и со нов мид лејнер Abbedagge кој беше ставен на supportive mid champion (Karma) што беше малку чудно за аналитичарите и фановите. Но, сега тој беше на Akali и неговиот перформанс придонесе да се обезбеди првиот пораз на TSM во овој сплит.

Поранешниот мид лејнер на Schalke 04 ги извади помошните тркала против поранешниот колега од европската лига PowerOfEvil и TSM и пилотирајќи ја Akali обезбеди 6 убиства за својот тим. Неговиот резултат беше 6/0/4 за 31-минутна игра. За само четири натпревари, Abbedagge додаде многу повеќе опции на тимот кој досега се потпираше на наоѓање успех преку бот лејнот за време на минатиот пролетен сплит. Тимот сега има можност да ги распредели своите ресурси многу поефикасно на мапата.

Што се однесува до TSM, оваа загуба не треба да предизвика какво било алармирање за фановите и за тимот на TSM. Кога ќе се спореди со сите тимови во LCS, кои направија неочекувани и необични потези на почетокот на Летниот сплит, TSM остана релативно стабилен. Основната почетна постава на тимот остана тотално недопрена во летната сезона и досега тимот беше награден.

© ESPORTS.MK. Сите права се задржани.

Содржината на оваа објава не смее да се копира, печати, менува или објавува без претходно одобрение од редакцијата на ESPORTS.MK.

Поврзани објави

Следете не

НАЈПОПУЛАРНИ ОБЈАВИ