
Прво пласираниот тим во LCS беше притиснат до 5 гејма од страна на EG, но на крај издвојува победа.
Последен пат кога Evil Geniuses и Team Liquid играа меѓусебно во BO5 на LCS сцената, Liquid беше тимот кој убедливо ја освои победата со резултат од три гема спрема нула во овогодинешното финале на Lock In. Денес, Liquid постигна сличен резултат, но беше потребно многу повеќе работа за тоа; добриот тим на EG ги одведе до петтиот натпревар пред Liquid конечно да успее да ја освои победата и да се пласира во вториот круг од плејофот во пролетниот Сплит.
TL и EG разменуваа игри напред-назад во текот на денешните полуфиналиња, каде Liquid победи во првиот, третиот и петтиот гејм, додека EG победи во вториот и четвртиот гејм.
По четвртиот натпревар од мечот, се чинеше дека EG има изградено доволно динамика за да се придвижи кон импресивна победа преводена од нивниот ADC играч Danny со 16 kills (најмногу од сите играчи на LCS во 2022 година). Liquid го продолжи трендот, освојувајќи го петтиот гејм за нешто повеќе од 31 минута.
Како резултат на денешниот близок натпревар, Liquid ќе се соочи со бранителите на LCS шампионската титула 100 Thieves (кои го поразија C9 претходно) во финалето во горниот дел од бракетот од плејофот на пролетниот LCS сплит на 16 април.